logo
  1. Дома
  2. Наука и Едукација
  3. Универзитетите и вештачката интелигенција
Универзитетите и вештачката интелигенција

Наука и Едукација

Универзитетите и вештачката интелигенција

October 14, 2026 Глигор Бојков

Појавата и брзиот развој на вештачката интелигенција (AI) го поставија високото образование пред значаен крстопат. Иако влезот на новите технологии во академската средина честопати се набљудува како трка во која победуваат оние што брзо адаптираат, истражувањата покажуваат дека самиот пристап до технологијата не гарантира суштинска трансформација. Вистинската трансформација бара подлабоки промени во организациската култура и професионалните капацитети. Врз основа на истражувањето на 15 истражувачки универзитети во Канада (спроведено во периодот март–јуни 2026 година), мапирани се 953 јавно документирани иницијативи поврзани со AI. Наодите потврдуваат дека не суштествува единствен универзален модел за интеграција на образованието во време на сеопштата присутност на вештачката интелегенција.

Фокус врз технологијата наместо врз наставниците и студентите

Прашањето дали вештачката интелигенција (AI) и експанзијата на алтернативните форми на образование претставуваат закана за постоењето на традиционалното образование е едно од најважните дебати во современата педагогија и дигиталното општество. Врз основа на истражувањето на 15 истражувачки универзитети во Канада (спроведено во периодот март–јуни 2026 година), мапирани се 953 јавно документирани иницијативи поврзани со  AI. Еден од највпечатливите наоди од истражувањето е огромниот дебаланс помеѓу општите иницијативи и оние што се директно насочени кон наставниот кадар. Од вкупно 953 анализирани иницијативи, само 91 (односно околу 9%) беа специфично наменети за поддршка на професорите и инструкторите.Што укажува на правецот во кој ќе се движи образованието во иднина особено во технолошки развиените општества. Овој јаз бара итно внимание. Би требало наставниците да се клучниот фактор за тоа како вештачката интелигенција ќе се користи во училницата.Тие треба да проценат кога AI го поддржува процесот на учење, а кога го нарушува. Честопати институциите паѓаат во клопката да бидат премногу „фокусирани на алатката“ ( на пр. набавка на софтвер). Сепак, инвестирањето во човечкиот капацитет и хуманоцентричниот пристап е тој кој го зачувува персоналниот интегритет и е исто толку важен колку и инвестирањето во самата технологија. Универзитетите мора да одлучат дали компетентноста за AI  ќе остане ограничена само во тесно специјализирани технички програми или ќе стане фундаментален дел од општата писменост за сите дипломирани студенти од сите дисциплини. Интеграцијата на вештачката интелигенција во високото образование не треба да биде трка за едноставно усвојување на нови алатки, туку промислен процес на градење човечки капацитети, критичко размислување и поддршка на наставниците и студентите. AI не е закана за постоењето на образованието, туку е закана за статичниот, застарен и бирократизиран образовен модел. Институциите кои одбиваат да се прилагодат ризикуваат да станат нерелевантни пред бранoт на алтернативни можности. Од друга страна кога образованието ќе се сведе на формално помнење факти само за положување испит, тоа ја губи секоја суштина. Површното навлегување во одредена научна област навистина нема смисла  во време кога информациите се достапни со еден клик. Идејата дека постои универзална „трка со AI“ наметнува чувство на притисок дека сите универзитети мора да се движат по иста патека. Наодите покажуваат дека вистинската вредност лежи во создавањето кохерентен институционален пристап што одговара на функционалната намена на секоја установа. Универзитетите кои ќе успеат да ги усогласат технолошките можности со својата основна јавна и образовна мисија ќе бидат оние што ќе понудат вистинска вредност за општеството во времето на се поприсутната вештачка интелигенција.

logo

Регионален Пулс е независна дигитална платформа создадена со цел да го долови ритамот на современиот живот. Нашата мисија е да создадеме простор за слободна размена на идеи, инспиративни приказни , важни настани, и случувања од заедницата кои носат долгорочна вредност.

Галерија
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image