logo
  1. Дома
  2. Есеизам
  3. Кризата на довербата и академската слобода во дигиталниот свет
Кризата на довербата и академската слобода во дигиталниот свет

Есеизам

Кризата на довербата и академската слобода во дигиталниот свет

November 8, 2026 Глигор Бојков

Живееме во време кога знаењето ни е на дланка, но никогаш порано не било потешко да се стигне до објективната вистина. Современите кризи  го поставија научниот интегритет и довербата во истражувањето во самиот центар на општествениот напредок. Сепак, наместо да ги слушаме експертите, сè почесто сведочиме на појава каде науката е под опсада. Во овој контекст, формирањето на Глобалната комисија за обновување на довербата во науката и заштита на академската слобода претставува црвено знаме за аларм во меѓународната заедница. Глобалната комисија за обновување на довербата во науката и заштита на академската слобода е меѓународно тело, како еден вид  реакција на растечките глобални закани врз научниот интегритет, институционалната автономија и слободата на истражувачите. Оваа комисија е формирана од водечки меѓународни научни организации, академиски мрежи и институции кои се поврзани со Меѓународниот научен совет (ISC), UNESCO, мрежите како Scholars at Risk и европските академски асоцијации ALLEA и Science Europe.

 

Алгоритамска архитектура и монетизација на сензационализмот

 

Алгоритмите на платформите не се дизајнирани за оптимизација на вистинитоста, туку за максимизирање на ангажманот на корисниците. Истражувањата во социјалната психологија покажуваат дека содржините кои предизвикуваат негативни емоции (страв, гнев, недоверба) остваруваат повисок степен на споделување (Pennycook & Rand, 2021). Научните факти кои се комплексни по својата природа и кои бараат  критичко размислување, ја губат во трката со драматичните и едноставни дезинформации кои брзо стануваат вирални. Социјалните мрежи создаваат персонализирани информациски меурчиња. Кога корисникот ќе покаже скептицизам кон научен консензус, алгоритмот сукцесивно му нуди потврдувачки дезинформации, создавајќи затворени средини каде науката се прикажува како „заговор на елитите“.Понатаму, платформите ја избришаа традиционалната хиерархија за вистинитоста на  изворот на информацијата така што  профилот на реномиран научник има ист визуелен формат како и профилот на анонимен создавач на теории на заговор. Содржините на т.н. инфлуенцери кои предизвикуваат страв, гнев и сензационализам се шират побрзо од рационалните научни факти. Лажната вест  или непотврдените факти добиваат илјадници споделувања пред научникот уште да успее да ја објасни методологијата на своето истражување. Науката се сведува на „само уште едно мислење“. Со тоа се создаваат т.н. ехо-комори или затворени онлајн средини каде луѓето се опкружени исклучиво со информации кои ги потврдуваат нивните претходни стравови или заблуди. Научните рационални прашања сè повеќе се дискредитираат, а прифаќањето на фактите станува прашање на идеолошки идентитет. Заштитата на научните факти денес е повик за зачувување на здравиот разум во општеството.

 

Референци:

 

Lazer, D. M. J., Baum, M. A., Benkler, Y., Berinsky, A. J., Greenhill, K. M., Menczer, F., Metzger, M. J., Nyhan, B., Pennycook, G., Rothschild, D., Schuds, M., Sloman, S. A., Sunstein, C. R., Thorson, E. A., Watts, D. J., & Zittrain, J. L. (2018). The science of fake news: Addressing fake news requires a multidisciplinary effort. Science, 359(6380), 1094–1096.

 

Pennycook, G., & Rand, D. G. (2021). The psychology of fake news. Trends in Cognitive Sciences, 25(5), 388–402.

 

Phys.org. (2026, September). Global commission to rebuild science and academic freedom. Phys.org.

Scholars at Risk. (2025). Free to think 2025: Report of the Scholars at Risk Academic Freedom Monitoring Project. New York University.

 

Vosoughi, S., Roy, D., & Aral, S. (2018). The spread of true and false news online. Science, 359(6380), 1146–1151.   

Поврзани статии
logo

Регионален Пулс е независна дигитална платформа создадена со цел да го долови ритамот на современиот живот. Нашата мисија е да создадеме простор за слободна размена на идеи, инспиративни приказни , важни настани, и случувања од заедницата кои носат долгорочна вредност.

Галерија
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image