


Во срцето на биотехнолошкиот центар во Масачусетс, на само неколку чекори од Универзитетот МИТ и Харвард, се наоѓа седиштето на Inari Agriculture. За разлика од традиционалните лаборатории за земјоделски истражувања кои се опкружени со ниви и стакленици, овде доминираат суперкомпјутери, алгоритми за длабоко учење и високопрецизна роботика. Inari Agriculture не одгледува растенија на класичен начин, тие имаат способност да го редизајнираат нивниот “ растителен генетски софтвер”. Компанијата е основана од познатиот биотехнолошки венчур-фонд Flagship Pioneering и се опишува себеси како „првата SEEDesign™ компанија во светот. Нивната мисија е прилично амбициозна: создавање на земјоделски култури кои даваат значително поголем принос, а притоа да трошат драматично помалку ресурси.
Со децении, зголемувањето на приносот кај пченката, сојата и пченицата се одвиваше бавно со стапка на раст од околу 1% годишно преку конвенционалната селекција и единечните ГМО модификации. Традиционалните генетски модифицирани организми (ГМО), развивани кон крајот на минатиот век, се базираат врз концепцијата на трансгенеза, односно внесување на ДНК од еден биотип во геномот на друг, што беше релативно непрецизно, а процесот бараше повеќе од деценија лабораториски и теренски испитувања за регистрација на нови сорти, кои беа проследени со голем отпор во јавноста и со строга регулаторна рамка. Понатаму, ако се земат во предвид факторите како што се: климатските промени, зачестените суши и деградацијата на почвата ја доведуваат во прашање и онака малата стапка на раст на принос кај овие култури.Освен климатските фактори влијание имаат и генетските фактори, на пример некои од особеностите на пченицата кои се многу значајни за земјоделското производство како што се отпорноста на суша или ефикасно користење на азотот не се контролирани само од еден ген, туку од голем број на гени кои се во меѓусебна интеракција што дополнително го усложнува целиот процес.
Тимот на компанијата Inari Agriculture без и најмалку наивност е впуштена во решавање на комплексен предизвик што е пред неа преку користење на специјална генетска технологија. Пред да се направи каква било интервенција во лабораторија, AI моделите на Inari Agriculture вршат милиони виртуелни симулации. Тие ги анализираат геномските бази на податоци за да предвидат кои конкретни комбинации од гени треба да се модифицираат за да се постигне посакуваниот резултат.
Откако AI ќе ги дефинира точните координати, се применува напредна CRISPR технологија. Појавата на CRISPR-Cas9 технологијата донесе суштински пресврт, овозможувајќи прецизно геномско уредување наместо генетско модифицирање. Со користење на т.н. „молекуларни ножици“(CRISPR- технологија) се овозможува таргетирано оштетување, модификација или замена на конкретни базни парови во рамките на сопствениот геном на растението, без потреба од внесување туѓ генетски материјал.(Прим.прев., Базните парови го формираат генетскиот код и овозможуваат прецизно копирање на генетските информации).Но, поединечното CRISPR генетско уредување брзо ја покажа својата лимитираност: повеќето економски важни особини кај растенијата како што се ефикасноста на искористување на азотот, фотосинтетичкиот капацитет и комплексниот механизам за отпорност на суша се квантитативни особини контролирани од голем број на гени, што значи се наследуваат полигено. Овој предизвик е надминат преку Multiplex Gene Editing (мултиплекс генетско уредување) на Inari Agriculture што претставува систем кој овозможува истовремено таргетирање на десетици различни гени или геномски локации во една клетка. Меѓутоа, како што расте бројот на целни гени, расте и биолошката комплексност што значи проблемот експоненцијално се зголемува. Во геном со милијарди базни парови, невозможно е да се изведе ваков генетски процес без биоинформатичка анализа и без вклучување на AI. Технолошкиот процес кој е воспоставен во оваа иновативна компанија овозможува да се анализираат биоинформатичките бази и со висока точност да се предвидува функционалната мрежа на гените, идентификувајќи ги точните комбинации чија симултана модификација ќе резултира со посакуван растителен фенотип.Ефектите од оваа технологија воспоставена од Inari Agriculture веќе ги надминуваат теоретските предвидувања и резултатите од терен се помалку ѓубриво, повеќе храна заради модификациската измена во физиолошките процеси на испитуваните растенија. Под раководство на генералната директорка Ponsi Trivisvavet, компанијата Inari Agriculture го применува моделот на отворена платформа. Наместо да градат сопствени продажни мрежи од нула, тие соработуваат со водечки независни семенски компании и институти како што е австралискиот InterGrain и американскиот M.S. Technologies. Преку овие партнерства, технологијата на Inari Agriculture директно се имплементира во веќе докажани локални сорти.



















