logo
  1. Дома
  2. Свет
  3. Египет како глобален парадокс: Максимален принос и екстремна зависност од увоз на пченица
Египет како глобален парадокс: Максимален принос и екстремна зависност од увоз на пченица

Свет

Египет како глобален парадокс: Максимален принос и екстремна зависност од увоз на пченица

September 12, 2026 Глигор Бојков

Анализата на податоците од AMIS за тригодишниот период (2024/25 – 2026/27) открива фасцинантна агро-економска динамика во глобалното производство и потрошувачка на пченица, каде што Египет испливува како највпечатлив пример за специфичен аграрен модел,кој произведува 6,7 t/ha додека    САД произведува околу 3,2 t/ha при што се доловуваат два сосема различни земјоделски модела и навики за исхрана кај населението.Од друга страна  остварувањето на високи приноси на пченица по хектар како што е  примерот со Велика Британија со над 7 t/ha и земјите од Европската Унија (5,69 t/ha)  потоа Египет(6,70 t/ha) , Кина (5,95 t/ha) и Мексико (5,72 t/ha) ,  зависат пред се од синергијата на неколку клучни фактори како што се оптималниот распоред на врнежи за време на развојот на пченицата во нејзините критични фази, високоприносни  и отпорни сорти, прецизно и балансирано ѓубрење итн. Сепак, крајниот ефект е фундаментално ограничен или овозможен од климата како главен надворешен фактор. Регионите во Западна Европа кои имаат посвежа и умерена клима за време на вегетација со рамномерен распоред на врнежите им овозможува на земјоделците  да применат висока агротехника и да остварат рекордни приноси од 7 до 8 t/ha. Голем дел од пченицата во САД се одгледува во услови на земјоделство без наводнување (dryland farming) особено во геогравскиот простор познат како Големите Рамнини ( Great Plains) . Кога во САД се користи терминот Големите Рамнини (Great Plains), се мисли на огромниот географски појас во централниот дел на Северна Америка што се протега од канадската граница на север сѐ до Мексико на југ, сместен помеѓу реката Мисисипи на исток и Карпестите Планини (Rocky Mountains) на запад. Карпестите Планини во Северна Америка  се протегаат во должина од околу 4.800 километри, од најсеверните делови на Канада сѐ до југозападниот дел на САД.Големите рамнини во САД ги опфаќаат следниве сојузни држави или нивни делови: Канзас, Небраска, Северна Дакота, Јужна Дакота, Оклахома, Тексас, Колорадо, Монтана, источниот дел од Вајоминг и североисточниот дел од Њу Мексико. Овој геогравски простор се соочува со сурови зими и топлотни бранови во фазата на наливање на зрното со ограничен обем на врнежи. Поради овие климатски лимити, инвестирањето во прекумерен агротехнички мерки (на пр. високи дози азот) е економски ризично. Поради тоа, САД остваруваат просечен принос од околу 3,2 t/ha, фокусирајќи се на профитабилност преку огромни површини, а не на максимален принос по хектар.

Египет останува убедливо најголем глобален увозник на пченица со околу 15,55 милиони тони. Ова произлегува од исклучително високата потрошувачка по глава на жител (над 173 kg/годишно)  и релативно малиот простор за одгледување на пченица долж Нил кој е недоволен, принудувајќи ја земјата да покрива огромен дел од своите потреби преку увоз.Втора на листата е Индонезија со увоз од околу 12,44 милиони тони пченица. Тропската клима во Индонезија не овозможува комерцијално одгледување пченица, па целата побарувачка за прехрамбената индустрија (инстант нудли, пекарски производи) и добиточната храна се покрива исклучиво преку увоз.Бразил е трет на листата на светски увозници на пченица со увоз од околу 6,36 милиони тони. Иако Бразил е извозен џин за соја и пченка, јужните региони сè уште не произведуваат доволно пченица со соодветен квалитет за да ја задоволат домашната пекарска индустрија, па земјата традиционално увезува од соседна Аргентина.Турција увезува околу 6,31 милиони тони пченица, карактеристично за неа е што голем дел од увезената пченица се преработува во брашно и тестенини и се користи за реекспорт на глобалниот пазар.

Казахстан (136,67 kg), Саудиска Арабија (119,37 kg) и земјите од ЕУ (111,07 kg) одржуваат високо ниво на потрошувачка на пченица по глава на жител , додека извозните велесили како Канада (79,47 kg) и Австралија (81,90 kg) имаат драстично помала директна употреба на пченица по жител.  САД имаат  помала  потрошувачка по глава на жител (52 kg/ годишно). Ова се должи на поразновидната исхрана каде што калориски доминираат месото, млечните производи и пченката, а голем дел од американската пченица се користи за добиточна храна или за извоз, наместо за директна исхрана.Сликата од податоците покажува дека висок принос по хектар не значи автоматски и извозна независност, ниту пак низок принос значи слаба земјоделска сила.





 

logo

Регионален Пулс е независна дигитална платформа создадена со цел да го долови ритамот на современиот живот. Нашата мисија е да создадеме простор за слободна размена на идеи, инспиративни приказни , важни настани, и случувања од заедницата кои носат долгорочна вредност.

Галерија
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image