logo
  1. Дома
  2. Есеизам
  3. Функција и намена на знаењето како општо добро
Функција и намена на знаењето како општо добро

Есеизам

Функција и намена на знаењето како општо добро

September 18, 2026 Глигор Бојков

Создавањето знаење е специфичен и сложен процес кој бара високи вложувања на материјални и човечки ресурси, при што крајниот резултат е често исполнет со неизвесност. Најголемите светски универзитети, од типот на Харвард, Стенфорд или МИТ, во правна и финансиска смисла функционираат како приватни непрофитни организации под статусот 501(c)(3), делувајќи по принципот на фондации. Овој непрофитен статус не значи дека институцијата не остварува приходи или вишок средства, туку дека остварената добивка не смее да се распределува како дивиденда на сопственици или акционери. Целокупниот капитал задолжително се реинвестира во примарната мисија на образованието како што се  научно-истражувачка работа, едукацијата, стипендии, изградба на инфраструктура и плати на наставниот и научниот кадар.

Вложувањето во образовниот процес претставува долга и скапа инвестиција за секое општество. Сепак, кога преку тој систем ќе се профилира креативен поединец и потенцијален иноватор, а неговиот научен и технички придонес има капацитет многукратно да ги врати вложените средства. Преку своите иновации, пронаоѓачот не само што си ги компензира сопствените трошоци за едукација, туку индиректно ја оправдува и  ја покрива заедницата и ресурсите потрошени за целата генерација со која студирал.

Материјализацијата на знаењето и остварувањето економска вредност во реалниот сектор доаѓаат преку механизмите на интелектуалната сопственост, каде клучна улога имаат патентите. Патентот е инструмент што му нуди на иноваторот временски ограничен монопол (стандардно до 20 години), со цел да ги поврати своите инвестиции и да оствари комерцијален профит. Покрај патентирањето, знаењето се материјализира и преку деловни тајни, авторски права и специфични консултантски услуги (know-how).

По истекот на законски предвидениот рок на заштита, патентот преминува во јавно добро. Со тоа што техничкото решение станува јавно достапно за целата заедница, се спречува стагнација во соодветниот сектор, а пронајдокот служи како база за понатамошна надградба од страна на нови генерации иноватори. На тој начин се остварува примарната цел на стекнатото знаење при што обезбедува приватна награда за креаторот, за на крајот трајно да се трансформира во општо добро за целото општество.

Поврзани статии
logo

Регионален Пулс е независна дигитална платформа создадена со цел да го долови ритамот на современиот живот. Нашата мисија е да создадеме простор за слободна размена на идеи, инспиративни приказни , важни настани, и случувања од заедницата кои носат долгорочна вредност.

Галерија
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image