logo
  1. Дома
  2. Свет
  3. Топлотните бранови како фактор за зголемување на процентот на алкохол во француските вина
Топлотните бранови како фактор за зголемување на процентот на алкохол во француските вина

Свет

Топлотните бранови како фактор за зголемување на процентот на алкохол во француските вина

September 12, 2026 Глигор Бојков

Пиењето на овогодишното шампањско може да предизвика посилна главоболка кај консументите, бидејќи рекордните топлотни бранови и жешкото време во Франција ги принудуваат некои производители да ја  зголемат количината на алкохол, изјавија во средата официјални лица од индустријата. Француските власти им дозволија на винариите да го прават својот пенлив пијалак со повисока содржина на алкохол до 15 vol%, што е историски преседан за вино кое обично е ограничено на 13 vol%. Француските регулативи за вино и пенливи вина се меѓу најстрогите во светот. Тие се дефинирани преку националното законодавство (INAO), регулативите на Европската Унија и спецификациите на самите апелации (AOC - Appellation d'Origine Contrôlée).

Во лозарството „апелација“ (appellation на француски) потекнува од латинскиот збор appellare се однесува на строго ограничена географска територија чии специфични природни услови му даваат на виното уникатен и препознатлив карактер.На пример подрачјето Шампањ (Champagne), Бордо (Bordeaux) или Шабли (Chablis) се географски апелации.Инаку производната зона „Шампањ“(Champagne), опфаќа околу 34.300 хектари  во која има 319 села.Овој лозарски регион  го сочинуваат 280.000 парцели, за кои се грижат повеќе од 16.000 лозари. Повеќето од овие парцели се многу мали, со просечна површина од не повеќе од 0,12 хектари.Тоа е површина едвај поголема од тениски терен.Исто така виното е произведено строго според локалните традиционални правила дефинирани во т.н. Cahier des Charges (Прим.прев., правно обврзувачки документ каде што се точно дефинирани правилата според кои се одгледува в.лоза на пр. кои на сорти грозје им дозволено да се одгледуваат, кој би бил максималниот принос по единица површина, начин на резидба, минимална количина алкохол во виното итн.) Според Cahier des Charges   грозјето во регионот Шампањ мора да има зрелост што овозможува минимум 9% потенцијален алкохол (околу 143 g/l шеќер во ширата).

Шампањското традиционално има од 12% до 12.5% алкохол, каде што околу 1.2–1.5% се додава за време на втората ферментација преку liqueur de tirage. Втората ферментација кај шампањот (Prise de Mousse) во основа е повторена, бурна алкохолна ферментација што се одвива во херметички затворено шише. Бидејќи шишето е затворено со крунски чеп, ослободениот CO2 нема каде да побегне, па под висок притисок (околу 5–6 бари) се раствара во виното и ги создава познатите меурчиња кои се карактеристични за пенливите вина. Liqueur de tirage е специјално подготвена течна смеса која овозножува  се покрене бурната или втората ферментација во шишето.(Забелешка: Liqueur de tirage се додава на почетокот, додека Liqueur d'expédition се додава на самиот крај од процесот за да се дефинира сладоста на шампањот како што е кај некои типови пенливи вина Brut, Extra Dry, Demi-Sec итн.).

Лозарите  мораа исклучително рано да ја започнат бербата на грозје оваа година, бидејќи екстремната топлина доведе до зголемена концентрација на шеќер во грозјето наменето за пенливи вина според индустриската асоцијација Comité Champagne. Сепак, „реколтата веќе ги има сите белези за производство на одлични, можеби дури и исклучителни вина“, се вели во соопштението на оваа асоцијација. Франција е меѓу  најголемите производители на вино каде што топлотните бранови и сушата ги продлабочија стравувањата кај многу лозари за тоа како ќе се справат со климатските промени. Бербата во 2026 година беше најраната досега забележана во регионот Шампањ, при што првото грозје беше обрано уште на 6 август, а масовната берба започна на 17 август и тоа две недели порано од 2025 година, кога исто така се сматраше за рана берба, според асоцијацијата. Поради климатските промени, „оваа необично рана берба веројатно ќе стане норма за 10 до 15 години“, изјави Максим Тубарт, ко-претседател на асоцијацијата Comité Champagne.

logo

Регионален Пулс е независна дигитална платформа создадена со цел да го долови ритамот на современиот живот. Нашата мисија е да создадеме простор за слободна размена на идеи, инспиративни приказни , важни настани, и случувања од заедницата кои носат долгорочна вредност.

Галерија
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image