logo
  1. Дома
  2. Технологија
  3. Како AI дроновите на компанијата Tevel го менуваат овоштарството?
Како AI дроновите на компанијата Tevel го менуваат овоштарството?

Технологија

Како AI дроновите на компанијата Tevel го менуваат овоштарството?

September 13, 2026 Глигор Бојков

Tevel Aerobotics Technologies е израелска агро-технолошка компанија која го разви системот FAR (Flying Autonomous Robots) — технологија за роботско берење овошје со помош на летачки дронови опремени со вештачка интелигенција.Оваа технологија е дизајнирана да го реши еден од најголемите проблеми во овоштарството: недостигот од работна сила во сезоната на берба.

Како функционира технологијата?

Дроновите летаат покрај крошните на дрвјата, но се поврзани со кабел за централна копнена платформа (возило). Кабелот им обезбедува непрекината струја, со што се избегнува потребата од често менување батерии. Секој дрон користи напредни камери и сензори за анализирање на овошјето во реално време. Алгоритмите го проценуваат квалитетот, бојата, дијаметарот, зрелоста и симптомите на болест или оштетеност на плодот од инсекти или различни други физички деформитети, па го берат само зрелото овошје, додека незрелото го оставаат за подоцна. Роботите имаат специјално дизајнирана механичка рака со вакум/вакумска чашка која нежно го фаќа овошјето и го откачува од гранката без да го оштети плодот или дрвото. Откако ќе го откине плодот, дронот го спушта на лента на копнената платформа, каде што плодовите се собираат и се пакуваат. Роботите можат да берат и дење и ноќе без пад во ефикасноста. Го берат само зрелото овошје во оптимален момент (селективна берба). Системот се користи за јаболка, праски, нектарини, сливи и круши. Преку софтверот на Tevel, кој е лесен за користење, земјоделците можат едноставно да пристапат до информации како што се количината на набрано овошје, тежината, класификацијата, односно калибрацијата на овошјето според боја, степенот на зрелост, дијаметарот, времето на берба, геолокацијата на секој плод и други важни податоци. Податоците собрани преку софтверот им нудат на земјоделците уникатен увид во специфичните карактеристики и содржината на секој контејнер пред тој да биде испорачан во објектот за пакување. Ова им овозможува на овоштарите да ги отстранат неизвесностите поврзани со пазарната вредност, квалитетот и приносот.

Инвестиции и глобален развој

Летечките автономни роботи-дронови што можат да собираат овошје без потреба од човечка интервенција би можеле да станат почеста глетка во иднина, откако израелската агротехнолошка компанија Тевел обезбеди 18 милиони американски долари во финансирање. Последната инвестициска рунда беше предводена од Sound Media Ventures, со учество на Maverick Ventures Israel, Kubota Corporation, AgFunder и OurCrowd, заедно со постојните акционери и приватни инвеститори. Јапонска мултинационална корпорација - Kubota Corporation e основана во 1890 година и е една од најголемите светски производители на трактори, комбајни и земјоделска опрема, но исто така развива решенија за водоснабдување и еколошки системи. Во последниве години, Kubota масовно инвестира во автономни трактори, паметно земјоделство (Smart Farming), сензори за прецизно земјоделство и роботика, останатите компании се деловно активни во областа на финансиите преку кои се собира капитал од инвеститори за да се пласира во стартапи.Инвестирањето во технолгија која го автоматизира производството овозможува значајни долгорочни заштеди на трошоците. На почетокот при воведувањето на ваквиот систем може да биде прилично скап , но намалувањето на трошоците за берба и зголемувањето на продуктивноста ги оправдува ваквите вложувања. Седиштето на Tevel се наоѓа во Израел, а компанијата има и филијали во Италија и во САД.

 

logo

Регионален Пулс е независна дигитална платформа создадена со цел да го долови ритамот на современиот живот. Нашата мисија е да создадеме простор за слободна размена на идеи, инспиративни приказни , важни настани, и случувања од заедницата кои носат долгорочна вредност.

Галерија
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image