logo
  1. Дома
  2. Есеизам
  3. Како вештачката интелегенција ги поткопува знаењата и вештините на експертите ?
Како вештачката интелегенција ги поткопува знаењата и вештините на експертите ?

Есеизам

Како вештачката интелегенција ги поткопува знаењата и вештините на експертите ?

October 29, 2026 Глигор Бојков

Во современото општество, вештачката интелигенција (AI) сè повеќе ја презема улогата на незаменлив асистент во низа професионални сфери. Од лекари и истражувачи до софтверски инженери, професионалците секојдневно се потпираат на дигиталните алатки за подобрување на ефикасноста и олеснување на работните процеси. Сепак, под површината на овој технолошки напредок се крие еден тивок и опасен феномен познат како депрофесионализација или губење на вештините и знаењето (deskilling) односно тоа е процес во кој човечките способности и критичкото размислување постепено деградираат поради прекумерното препуштање на задачите на технологијата. Една од најголемите опасности во овој процес е неговата непредвидливост. Професионалците ретко го забележуваат опаѓањето на сопствените вештини во секојдневието, главно поради когнитивните афинитети и илузијата за непогрешливост што ја создаваат големите јазични модели на AI. Кога системот на вештачка интелигенција дава уверливи и брзи одговори, лесно доаѓа до прекумерна доверба. Оваа доверба станува критична во области каде што грешките имаат директни последици врз човечките животи,  на пример како што е здравството.

Последици  од  процесот на поткопување на знаењето

Според  укажувањето на американските доктори по  неврологија  Daniel M. Curlik и Tracey J. Shors новите мозочни клетки изумираат доколку луѓето не се вклучат во совладување тешки задачи. Бидејќи потпирањето на вештачката интелигенција многу често е практично и лесно, како и човечката склоност за  избегнување на  тешки задачи  кои што бараат значителен напор, но сето ова може да ги намали можностите за учење, а со тоа и да ја ограничи интеграцијата на новите мозочни клетки во веќе постоечките невронски мрежи.Во образовните науки се познати теориите за „пожелни тешкотии“ и „когнитивно оптоварување“ кои ја нагласуваат улогата на когнитивниот напор во процесот на учење кои стимулираат создавање на нови невронски мрежи како процес на совладување на нови знаења и вештини.Овој напор кој е стимулатор на интелектуалниот развој на човекот сега е загрозен од пасивната употреба на алатки засновани на вештачка интелигенција. Ова се потврдува и во емпириската литература која се занимава со феноменот на губење вештини (т.н. *deskilling*).

Доколку еден лекар слепо се потпре врз дијагноза предложена од AI без да ги уочи нејзините недостатоци, се отвора сложено етичко и филозофско прашање: Кој е одговорен за медицинската грешка?Филозофските теории за одговорност традиционално нагласуваат дека човекот е одговорен за дејствијата што ги прави со свест и намера. Сепак, скриените склоности кон технолошка зависност го предизвикуваат овој страв, бидејќи луѓето најчесто не се свесни за подмолното деградирање на сопственото знаење.

Понатаму, во образованието наставниците и професорите  сè повеќе се потпираат на AI за креирање наставни планови, материјали за предавање и оценување, додека учениците и студентите ги користат истите модели за решавање задачи и пишување трудови. Ова води кон пасивно усвојување на знаењето и кај едните и кај другите: наставниците го губат методолошкиот авторитет и педагогијата, а учениците не развиваат фундаментално аналитичко и критичко размислување.

Нешто слично се случува и во програмирањето кога софтверските инженери постојано користат AI алатки за автоматско пишување код (Copilot, LLM модели), тие заштедуваат време, но постепено ја губат способноста за подлабоко размислување за архитектурата на софтверот, алгоритмите и откривањето сложени грешки (debugging). Кодот изгледа уверливо и работи на прв поглед, што создава лажно чувство на сигурност. Сепак, кога AI ќе направи суптилна сигурносна или логичка грешка, програмерот кој го изгубил односот со основните концепти тешко може да ја уочи или да ја коригира без повторно да се потпре на машината.

Зошто не треба во потполност да се потпираме на AI?

Системите за вештачка интелигенција исто така прават грешки. Во неодамнешните медицински истражувања на еден од најголемите и најнапредните центри за истражување и третман на рак во светот во Торонто,Канада (Princess Margaret Cancer Centre)  истражувачите: Jack B. Longwell, Dr. Ian Hirsch, Dr. Fernando Binder, Dr. Galileo Arturo Gonzalez Conchas го тестирале знаењето на напредните AI модели користејќи официјални испитни прашања од American Society of Clinical Oncology (ASCO) и European Society for Medical Oncology (ESMO). Најнапредните комерцијални модели (како GPT-4) постигнале високи резултати (над 85% точност), покажувајќи огромно вградено медицинско знаење, но повеќе од 80 % од неточните одговори носеле голем ризик од предизвикување умерена до тешка штета за пациентот тврди студијата.

Се стекнува впечаток дека ваквите состојби  веќе ги надминуваат рамките на индивидуалната одговорност и веројатно  ќе  се предизвика  системски и општествен проблем.

 За да се зачува интегритетот и знаењето на експертите неопходно е однапред да се дефинираат есенцијалните односно фундаменталните знаења и вештини што мора да останат исклучиво во човечки раце. Како што пилотите редовно мора да  вежбаат за справување со евентуални дефекти на автопилотот за време на прекуокеанските летови, така и останатите професии мора да изградат механизми за функционирање во услови кога вештачката интелегенција нема да биде на дофат на раце.На елитните универзитети веќе се инсистира во одредени на фази на едукацијата  во кои ќе биде  целосно забранета употребата на AI, со цел студентите самостојно да развијат независни инерпикосновени знаења и вештини кои нема да зависат од технологијата. Доколку ова не се спроведе пошироко, постои реален ризик во иднина да изгубиме способност за обука на нови генерации експерти без помош од технологијата.

Вештачката интелигенција несомнено нуди извонредни можности, но нејзината неконтролирана употреба се заканува да ја поткопа самата основа на човечката експертиза. Сочувувањето на разновидните и знаења и  вештини на професионалците е клучно за поттикнување за развој на потенцијалот на идните генерации пред да станеме целосно зависни од машините.

Референци:

Curlik, Daniel M., and Tracey J. Shors. 2011. “Learning Increases the Survival of Newborn Neurons Provided that Learning is Difficult to Achieve and Successful.” Journal of Cognitive Neuroscience 23 (9): 2159–70.

Longwell, Jack B., Ian Hirsch, Fernando Binder, Galileo Arturo Gonzalez Conchas, Daniel Mau, Raymond Jang, et al. 2024. “Performance of Large Language Models on Medical Oncology Examination Questions.” JAMA Network Open 7 (6): e2417641.

Поврзани статии
logo

Регионален Пулс е независна дигитална платформа создадена со цел да го долови ритамот на современиот живот. Нашата мисија е да создадеме простор за слободна размена на идеи, инспиративни приказни , важни настани, и случувања од заедницата кои носат долгорочна вредност.

Галерија
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image