logo
  1. Дома
  2. Есеизам
  3. Звучните паралели помеѓу тестовите за интелигенција и развојот на AI
Звучните паралели помеѓу тестовите за интелигенција и развојот на AI

Есеизам

Звучните паралели помеѓу тестовите за интелигенција и развојот на AI

November 5, 2026 Глигор Бојков

Во современиот дискурс за технолошкиот напредок на вештачката интелегенција приметлива е тенденција која  арбитрира кон совладување на човечкиот ум во секоја негова значајна димензија. Лидерите од технолошката индустрија како што е извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, често ја третираат интелигенцијата како квантитативна мерка која претставува еден вид суров коефициент што може да се измери. Меѓутоа, размислувајќи критички за овој нивен став професорот Jay Timothy Dolmage нè потсетува дека концептот на универзалната ментална мерливост на интелегенцијата  не е неутрален биолошки факт, туку е историски конструкт чии што корени влечат од времето на дискриминаторските филозофии кои некогаш се користеле за оправдување на социјална неправда и колонијалната експлозија. За да се разбере зошто современите дебати за AI  личат на историско дежаву, неопходно е да се потсетиме на потеклото на тестовите за интелигенција. Во раниот 20 век, универзитетите, академските дисциплини и институциите не беа неутрални светилишта на знаењето, туку беа механизам кои активно учествуваа во утврдувањето на „вредноста“ на одредени социјални групации. IQ тестовите беа развиени и промовирани не како помошни средства за учење, туку како калибрирани алатки за социјално рангирање. Во пракса, IQ тестовите служеа за систематска дискриминација на пониските социјални слоеви преку пристрасни прашања креирани од привилегираната елита. Образовните системи беа дизајнирани да ги принудат маргинализираните групи на послушност и нискоквалификуван труд, претставувајќи ги хиерархиите во општеството  како „биолошки неизбежни“.Во срцето на овој систем се наоѓаше редукционистичкиот пристап во стигматизирањето на контекстуалната човечка способност во еден единствен број (IQ). Кога денешните технолошки магнати зборуваат за интелектуалното постигнување на AI врз основа на „суров IQ“, тие ја повторуваат истата грешка од минатиот век, само во дигитален облик. Наместо да се запрашаат што навистина е интелигенцијата и дали таа воопшто треба да се квантифицира во еден параметар наречен IQ, технолошката индустрија наметнува тесна, дехуманизирачка дефиниција која ги фаворизира податоците произведени од западните, технолошки елити. Оваа паралела се манифестира во неколку клучни аспекти.

Исто како што раните психометричари го сведоа човечкото искуство на тест од неколку прашања, така и современите креатори на AI ја третираат интелигенцијата какоеден вид функција која има улога да препознае и обработи  масовна количина на податоци. Овој пристап ја игнорира емоционалната интелигенција,  интуицијата, креативноста и животната мудрост , односно оние форми на сознание кои се инхеретно вградени во човечката природа. Претпоставката дека „попаметните“ системи можат да донесуваат објективни одлуки за вработување, образование, судство или социјална помош носи силен ризик од дигитална дискриминација. Кога алгоритмите на AI учат од минатите податоциво кои веќе се содржани дискриминаторски концепции тие не ја елиминираат пристрасноста, туку ја автоматизираат и ја зацврстуваат под плаштот на „математичка објективност“.Ако универзитетите и училиштата прифатат дека целта на современото образование да се усогласи човекот со перформансите на машината , или уште полошо, да се проценат учениците преку алгоритамски метрики тогаш тие свесно се откажуваат од својата хуманистичка мисија.И за крај се поставува едно сосема логичко прашање: Кој има право да дефинира што е паметно, што е корисно и што е вредно? Одговорот на ова прашање не смее да биде препуштен на неколкумина технолошки олигарси кои се стремат кон монопол врз иднината на човештвото.

 

Поврзани статии
logo

Регионален Пулс е независна дигитална платформа создадена со цел да го долови ритамот на современиот живот. Нашата мисија е да создадеме простор за слободна размена на идеи, инспиративни приказни , важни настани, и случувања од заедницата кои носат долгорочна вредност.

Галерија
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image