logo
  1. Дома
  2. Агора
  3. Винскиот музеј во Кавадарци како стожер во зачувувањето на автентичноста и идентитетот на тиквешките вина
Винскиот музеј во Кавадарци како стожер во зачувувањето на автентичноста и идентитетот на тиквешките вина

Агора

Винскиот музеј во Кавадарци како стожер во зачувувањето на автентичноста и идентитетот на тиквешките вина

September 28, 2026 Глигор Бојков

Лозарството и винарството во Тиквешкиот регион не претставуваат само примарни стопански гранки, туку соодејствуваат како суштински дел од културниот, историскиот и социјалниот идентитет на локалното население. Со цел за научна и материјална валоризација на ова вековно наследство, во Кавадарци е основан Локален вински музеј за регионот Тиквеш, односно тоа е прва специјализирана музејска институција од ваков тип во Република Северна Македонија која вешто го спојува традиционалното етнолошко наследство со современиот енолошки туризам и промоцијата на локалната винска индустрија.

Музејскиот концепт е поставен врз идејата за хронолошки континуитет, следејќи ја еволуцијата на одгледувањето винова лоза во Тиквешијата низ три основни историски епохи: Антички период, Средновековен период (XI–XVIII век) и Преоден период (крај на XIX – почеток на XX век).

Антички период e време во кој виното претставува ритуално и секојдневно добро преку постоечките длабоки материјални траги низ артефактите во регионот.

Ерата на средновековниот период e  документирана и преку пишаните извори на Теофилакт Охридски, каде што обработката на лозјата со традиционални алати останува главен белег на руралниот живот во тоа време.

Кон крајот на XIX и почеток на XX век е окарактеризиран како време на занаетчиско и индустриско окрупнување, формирање лозарски задруги и издигнување на познатите кавадаречки винарски фамилии.

Зафаќајки изложбена површина од околу 100 м², музејот фокусот го става токму врз  овој клучен преоден период од крајот на XIX и почетокот на XX век каде што есенцијалниот атрибут на традиционалното производство на вино  во Тиквешијата  лежи во симбиозата  помеѓу почвата, климата и автохтоно застапените сорти на грозје. Музејската поставка синтетизира материјални артефакти и визуелна документација од околу 70 етнолошки експонати и представува историска архива кои го комплетираат впечатокот за социо-економскиот контекст на целиот лозарски регион. Институцијата не функционира единствено како пасивен чувар на минатото, туку како активна платформа за промоција на современото тиквешко винарство ,каде што преку интегрираната винотека, музејот изложува и нуди дегустација на вина од сите поголеми  комерцијални винарски куќи, но и од мали, семејни  винарии. За општина Кавадарци и Тиквешкиот регион, овој музеј е место каде што помладите генерации и стручната јавност можат да го проучуваат технолошкиот развој на локалното енолошко наследство. Музејот за сите посетители нуди автентичен амбиент и успешно ја исполнува својата примарна мисија која се состои од истражување, заштита и презентација на лозарско-винарската традиција на Тиквешијата. Со вешто балансирање меѓу етнолошката вредност на експонатите и современите потреби на локалните винарии, тој претставува одличен пример за тоа како еден специјализиран музеј може да биде движечка сила за зачувување на културниот идентитет и развојот на винскиот туризам.

Поврзани статии
logo

Регионален Пулс е независна дигитална платформа создадена со цел да го долови ритамот на современиот живот. Нашата мисија е да создадеме простор за слободна размена на идеи, инспиративни приказни , важни настани, и случувања од заедницата кои носат долгорочна вредност.

Галерија
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image
gallery image